Стевче Алушовски е нов тренер на Охрид!

Екипата на Охрид во следната сезона ќе има нов тренер, а тоа е македонецот Стевче Алушовски.

Стевче Алушовски со екипата на Охрид потпиша договор до 2026 година. Алушовски својата тренерска кариера ја градеше во најдобрите македонски тимови Пелистер, Еурофарм Работник и Вардар, како и во исландскиот Тор Акурејри. Како играч има богата ракометна кариера во големите македонски тимови Пелистер, Јафа Промет, Вардар и Металург.

“Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонакиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на РК Охрид. Во разговор со градоначалникот на Охрид г-дин. Кирил Пецаков и се она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт,” – изјави новиот тренер на Охрид, Стевче Алушовски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.