Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ кариерата ја продолжува во соседството во Грција.
Тој потпиша договор со грчкиот тим АЕК Атина до крајот на сезоната 2022/2023 година. Стипе Мандалиниќ кој има 29 години освен за Еурофарм Пелистер има настапувано и за Сплит, Карловац и Фуксе Берлин.

(фото-Рк АЕК Атина)📷