Екипата на Партизан Гевгелија, која во вториот дел од сезоната ќе се обиде да се избори за подобар пласман во Првата лига се засили со двајца нови ракометари.
Станува збор за ракометарите Стојанче Наумовски и Илија Табаков кои ќе го носат дресот на Партизан Гевгелија во вториот дел од сезоната.
Илија Табаков настапува на позицијата лев бек и досега има настапувано за екипите на Борец, Бутел Скопје и Радовиш.
Стојанче Наумовски настапува на позицијата среден бек и претходно беше дел од екипата на Младост Богданци.

(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷








