Стојанче Стоилов: Партизан е млада екипа, ние играме дома, фаворити сме

Утре со почеток од 18:00 часот, екипата на Вардар 1961 е домаќин на Партизан, на натпревар од 2. коло во СЕХА лигата.

За овој натпревар своја изјава даде и капитенот Стојанче Стоилов, кој очекува дека тимот ќе има голема поддршка од публиката.

“Се надевам дека гледачите, и навивачката група “Комити” ќе дојдат во што поголем број. Тие ни олеснуваат во некои натпревари. Партизан е млада екипа, ние играме дома, фаворити сме, но тоа треба да го покажеме на терен”, – изјави Стојанче Стоилов.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.