Стојанче Стоилов ќе го предводи тимот на Бутел Скопје

Легендарниот Стојанче Стоилов од лето ќе го преземе кормилото на Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони и ќе го замени Горан Кузманоски, кој заминува по крајот на оваа сезона.

Стоилов, кој во моментов е дел од стручниот штаб во сениорската машка репрезентација, по работата во Вардар, во Бутел Скопје ќе го има првиот ангажман како прв стратег.

Стоилов во играчката кариера настапуваше за Металург, романскиот Одорхеи и Вардар, каде мина дури 13 сезони и освои две титули во Лигата на шампионите, десет титули во македонската Супер лига, 11 трофеи во Купот на Македонија, како и пет титули во регионалната СЕХА лига.

“Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари”, – изјави Стојанче Стоилов.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *