Стојан Петрушевски од вчера е тренер на бело црните. На повик на управата на Голден Арт, некогашниот голман со позитивен став и визија за тимот и целта во новиот предизвик.
Тој вчера го одржа првиот тренинг, а следниот викенд ќе го има и првиот натпревар на тренеското столче на Голден Арт. Петрушевски како млад тинејџер за прв пат влегува во ракометот, крилната позиција е желбата која никогаш не ја остварил.
Пред 22 години го одиграл својот последен меч како професионален ракометар. А првиот го имал во неговото Драчево. Потоа Младост Богданци, Металург и неговата ракометна приказна најдолго ја раскажува во Вардар.
Од голман, помошник тренер до прв тренер. Во сите тие улоги и работни задачи повеќе од успешен. Сите генерации на двократниот европски првак поминале низ негови раце. Европските успеси се акомулација на неговиот труд и посветеност. Небитно дали работи со сениори или помлади категории со врвни ракометари или со оние кои треба ракометно да се брусат до врвот, Петрушевски максимално се дава себе си.
Своевремено со младинците на црвено-црните беше трократен првак на Македонија. Селектор на младинците, селектор и на националниот тим во ракомет на плажа.
“Чест мие што доаѓам во една млада и преспективна екипа, која заслужува да игра плеј-оф. Заедно со стручниот штаб на клубот се надеваме дека ќе избориме опстанок во Супер лигата, зашто овие млади играчи го заслужуваат тоа, а исто така и клубот кој обезбедува и овозможува одлични услови за работа. Целта е јасна, одиме понатака”, – изјави Стојан Петрушевски.

(фото – Рк Голден Арт)📷