Страхиња Симиќ: Не очекува уште еден тежок натпревар на домашен терен

Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Вардар во 5. коло од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тиквеш, Страхиња Симиќ, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.

,,Не очекува уште еден тежок натпревар на домашен терен со една сериозна и одлична екипа како Вардар која сигурно е еден од фаворитите за титула и оваа сезона. Иако сметам дека сеуште не сме ни блиску до нашиот полн потенцијал, сепак на последниот натпревар дома со еден квалитетен ривал како Алкалоид покажавме дека можеме да играме со сите. Знаеме што значи кога ни доаѓа Варадр, но исто така и Вардар знае што значи кога се игра во Кавадарци. Така да очекувам еден тежок натпревар во кој ние само со голема дисциплина во играта од прва до последна минута, би можеле да се надеваме на позитивен резултат. Секако очекуваме голема поддршка од нашите ЛОЗАРИ и сите наши поддржувачи, а ние да им вратиме на поддршката со голема брба и залагање на терен, од прв до последен”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Страхиња Симиќ.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *