Страхиња Симиќ уште три сезони во Тиквеш

Екипата на Тиквеш го продолжи договорот со капитенот Страхиња Симиќ кој останува до 2026 година.

Страхиња Симиќ од шпанската АСОБАЛ лига во натпреварувачката сезона 2020/2021 година го засили тимот на Тикквеш на средната бековска позиција.

Ова е трета сезона носејќи го дресот на Тиквеш со одиграни 79 првенствени натпревари, постигнати 389 погодоци, повеќе пати прогласуван за најдобар среден бек во Супер машката лига, повеќе пати прогласуван за играч на колото, најдобар стрелец во натпреварувачката сезона 2021/2022 година.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести