Екипата на Прилеп во продолжението од сезоната ќе има нов тренер, откако управата на клубот ја прекина соработката со Божидар Мојсов.
Нов тренер на Рк Прилеп ќе биде Страшо Илиески, кој ќе го предводи тимот во продолжението од сезоната, а и во плеј-аутот од Супер лигата.
Страшо Илиески е легенда на прилепскиот ракомет и како тренер ја водеше екипата на Деспина.

(фото – Фејсбук/Страшо Илиески)📷