Ракометарите на Струга забележаа победа на домашен терен против екипата на Прилеп со резултат 21-19 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Екипата на Струга добро го започна натпреварот, па до крајот на натпреварот ја одржуваше предноста за победа против Прилеп.
Најефикасен во редовите на Струга беше Петар Маркоски со седум погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски со пет погодоци.
(фото – Рк Струга)📷