Екипата на Струга, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата промовираше тројца млади ракометари.
Станува збор за младите ракометари Маријан Верушески, Јордан Танаскоски и Марко Танаскоски.
“Нашиот квалитет во работата е веќе препознатлив и докажан. За сите кои сакаат да напредуваат во нивните ракометните знаења и вештини РК Струга им нуди можност за истото. Таа можност и прилика ја искористија младите и талентирани ракометари Маријан Верушески, Јордан Танаскоски и Марко Танаскоски”, – објавија од Рк Струга.

(фото – Рк Струга)📷