Струга го испрати Јуниор Кисела Вода во Првата лига

Екипата на Струга оствари победа на домашен терен против тимот на Јуниор Кисела Вода со резултат 27-25 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

На пауза беше нерешено со 14-14. Во второто полувреме беше доста неизвесно и драматично, но сепак Струга беше подобра од тимот на Јуниор Кисела Вода.

Најефикасни во тимот на Струга беа Бугариновиќ и Цветаноски со по седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Фидановски со девет гола.

(фото – Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести