Екипата на Струга забележа победа на домашен терен против екипата на Тинекс Пролет со резултат 22-20 во плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме Тинекс Пролет имаше водство од минимални 10-9. Во второто полувреме Струга со добра игра успеа да слави против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Струга беше Лазар Ристиќ со седум гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со пет гола.
(фото – Рк Струга)📷