Екипата на Струга го совлада тимот на Вардар Неготино со конечни 41-30 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Струга од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на пауза замина со предност од 21-10. Во второто полувреме Струга го наполни голот на Вардар Неготино, и на крај да слави висока победа.
Најефикасен во тимот на Струга беше Петар Маркоски со девет гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Костадин Петров со шест гола.
(фото – Рк Струга)📷