Екипата на Струга оствари победа на гостувањето кај екипата на Аеродром со 31-25 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Струга добро парираше во текот на целиот натпревар со екипата на Аеродром и ги освои трите бода.
Најефикасни во тимот на Струга беа Младеновски, Бошњак и Јанкуловски со по шест гола, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Наум Костов со 12 гола.
(фото – Рк Струга)📷