Екипите на Струга и Еурофарм Пелистер ќе играат во финалето од Ф4 турнирот од кадетската лига во машка конкуренција.
Во натпреварот за трето место, односно за бронзата ќе играат екипите на Тинекс Пролет и Мулти Есенс.
Составот на Струга славеше против Тинекс Пролет на пенали со резултат 32-30, а регуларниот дел заврши со 29-29.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер беа подобри од ракометарите на Мулти Есенс исто така на пенали со конечни 29-27, а регуларниот дел заврши со 26-26.
(фото – Рк Струга)📷