Струга обезбеди место меѓу најдобрите 16 во Купот, триумф против Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Струга забележа победа против Македонија Ѓорче Петров со 41-32, и обезбеди место меѓу 16 најдобри во Купот на Македонија.

Тимот на Струга беше подобар противник на теренот во текот на целиот натпревар, и заслужено го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Најефикасен кај екипата на Струга беше Ненад Костоски со седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Филип Ролевски со девет гола.

(фото – Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести