Екипата на Струга забележа победа против екипата на Младост Богданци со минимални 21-20 и се пласираше во наредната фаза од Купот на Македонија.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично, но сепак на крај екипата на Струга се радуваше на победа против Младост Богданци.
Најефикасни во редовите на Струга беа Ненад Костоски и Александар Стојков со по шест гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Ѓорѓе Ѓуриќ со пет гола.
(фото – Рк Струга)📷