Екипата на Струга забележа победа на домашен терен против екипата на Куманово со резултат 26-24 во 2. коло од плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме тимот на Куманово имаше водство од 15-14. Во второто полувреме Струга имаше водство, но на крај сепак успеа да го надигра тимот на Куманово.
Најефикасен во редовите на Струга беше Лазар Ристиќ со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Давид Димевски со пет гола.
(фото – Рк Струга)📷