Струга славеше против Астраион во натпревар од Купот

Екипата на Струга забележа победа против екипата на Астраион со конечен резултат од 25-18, и се пласираше во наредната фаза од Купот на Македонија.

Струга и на пауза имаше предност од 11-8. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Струга, за на крај да слави против Астраион.

Најефикасен кај Струга беше Ненад Костоски со девет гола, додека кај Астраион најефикасен беше Васе Наков со десет гола.

(фото – Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести