Екипата на Струга оствари победа против Скопје 2020 со 30-25 во првото коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Двете екипи одиграа добро во првото полувреме, но екипата на Струга замина со предност од 15-13 на полувреме. Во вториот дел Струга ја искористи предноста и забележа победа против Скопје 2020.
Најефикасен во составот на Струга беше Тодор Јанкуловски со шест голови, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Александар Василевски со осум погодоци.
(фото-Рк Струга)📷