Екипата на Струга продолжува со победите во плеј-аутот од Супер лигата, откако на гостински терен ја совлада екипата на Куманово со 28-25.
Струга во текот на целиот натпревар беше во водство, додека екипата на Куманово во неколку наврати имаше и нерешено, но стружани не го дозволија тоа и прославија победа во Куманово.
Најефикасен во составот на Струга беше Петар Маркоски со 12 погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Владан Кастратовиќ со 6 погодоци.

(фото – Рк Струга)📷