Екипата на Струга забележа победа против екипата на Тинекс Пролет со конечни 34-29 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Струга на полувреме имаше предност од 15-12. Во второто полувреме Струга продолжи со водството, па на крај забележа победа против Тинекс Пролет.
Најдобар стрелец во редовите на Струга беше Богдан Мијушковиќ со 13 погодоци, додека кај Тинекс Пролет најдобар стрелец беше Бакар со 6 погодоци.
(фото – Фејсбук/Јави се јужна)📷