Екипата на Струга забележа победа на домашен терен против екипата на Куманово со минимални 26-25 во Супер лигата.
Тимот на Струга до победа стигна со погодок на ракометарот Филип Мечкароски во последната секунда.
Најефикасен во редовите на Струга беше Наум Костов со осум гола, додека кај Куманово најефикасен беше Огнен Радојичиќ исто така со осум гола.
(фото – Кочо Сотировски)📷








