Рк Струга

Струга ја совлада Македонија Ѓорче Петров и се пласира во следна фаза во Купот

Ракометарите на Струга триумфираа на гостувањето во Скопје кај Македонија Ѓорче Петров во Купот, со убедливи 37-26.

Струга уште во првото полувреме го превзеде водството, и на полувреме имаше предност од три гола разлика 16-13. Вториот дел беше само формалност за Струга да ја завери победата кај Македонија Ѓорче Петров.

Најефикасен во составот на Струга беше Бобан Блажески со 12 погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Максимилијан Гиноски со шест погодоци.

Рк Македонија Ѓорче Петров 26-37 Рк Струга

(фото-Рк Струга)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.