Екипата на Стружанка славеше победа против екипата на Деспина на домашен терен со конечни 29-25 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Ракометарките на Стружанка на полувреме имаа предност од 15-10. Во второто полувреме Деспина се обидуваше да се врати, но сепак загуби од Стружанка.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Маја Раткушиноска со 12 гола, додека кај Деспина најефикасна беше Евгенија Цаневска со 7 гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷