Екипата на Стружанка забележа висока и убедлива победа на гостувањето кај екипата на Шампион со конечни 39-12 во Женската Прва лига.
Тимот на Стружанка победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 17-7.
Најефикасни во редовите на Стружанка беа Еџе Сејадин, Вања Маџоска и Тијана Переска со по седум гола, додека кај Шампион најефикасни беа Катја Маркоска и Катерина Тошеска со по три гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷








