Стружанка е нов шампион во кадетска женска лига

Екипата на Стружанка е нов шампион во кадетската женска лига, откако во финалето го совлада Вардар со 24-21 на пенали, додека регуларниот дел беше 20-20.

Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи заминаа со нерешен резултат од 9-9 на полувреме. Во второто полувреме се играше исто така гол за гол, па двете екипи на крај завршија со нерешен резултат од 20-20 по што следуваа пенали за да се реши победникот, а тоа беше тимот на Стружанка.

Екипата на Шампион го освои третото место на турнирот, откако го совлада тимот на Феникс АМС со конечни 35-32.

За МВП на турнирот беше прогласена ракометарката на Стружанка, Бојана Затуроска, најдобар голман беше Ема Кирова од Шампион, додека за најдобар стрелец беше Емилијана Ризоска од Феникс АМС.

(фото-ЖРК Стружанка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести