Екипата на Стружанка забележа лесна победа против тимот на Кузман Вардар со високи 47-19.
Стружанка од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со високи 24-7. Второто полувреме беше само формалност Стружанка да ја завери победата против Кузман Вардар.
Најефикасна кај екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со 16 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасен беше Нина Милевска со 7 погодоци.
(фото – ЖРК Стружанка)📷