Екипата на Стружанка забележа победа против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со 31-21 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Стружанка на полувреме имаше високи 17-9. Во второто полувреме продолжи водството на Стружанка, па на крај да го совлада тимот на Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Маја Раткушиноска со 12 голови, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Ангеловска со пет голови.
(фото – ЖРК Стружанка)📷