Ракометарките на Стружанка забележаа триумф на гостувањето кај екипата на Гевгелија со резултат 39-24.
Стружанка од почетокот на натпреварот направи високо водство, па така немаше проблеми околу победата против Гевгелија.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Мендувие Далипоска со 10 гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасни беа Симона Динева и Елена Димова со по 7 гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷