struzanka

Стружанка подобра од Вардар покрај езерото

Екипата на Стружанка забележа триумф на свој терен против екипата на Вардар со минимални 25-24 во натпревар од Супер лигата.

Во првото полувреме двете екипи играа добро, но на полувреме Вардар замина со предност од 12-10. Во второто полувреме екипата на Стружанка успеа да се врати за на крај да прослави победа против Вардар во Супер лигата.

Најефикасна во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со девет погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Сара Миновска со пет погодоци.

ЖРК Стружанка 25-24 ЖРК Вардар

(фото-ЖРК Стружанка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести