Екипата на Стружанка триумфираше против екипата на Чаир на домашен терен со конечни 29-28 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Од почетокот на натпреварот беше израмнето и неизвесно, на пауза Стружанка замина со предност од 14-13. Во вториот дел се играше гол за гол, но на крај Стружанка успеа да слави минимална победа против Чаир.
Најефикасна во составот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со десет погодоци, додека кај екипата на Чари најефикасна беше Теодора Дукоска со осум погодоци.
(фото-ЖРК Стружанка)📷