Екипата на Стружанка забележа убедлива победа против Астибо со 27-19 и се пласираше во наредната фаза во Купот на Македонија.
Од почетокот на натпреварот контрола на резултатот имаше екипата на Стружанка, на полувреме имаше предност од 16-8.
Најефикасна во тимот на Стружанка беше Мендувие Далиоска со осум гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 14 гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷