Екипата на Стружанка забележа победа против Овче Поле Славјански Универзитет со 28-23 во Женската Супер лига.
Иако на полувреме Стружанка имаше предност од 11-10, сепак во второто полувреме триумфираше со поголема разлика.
Црвен картон поради три исклучувања заработи Анастасија Сентовска од редовите на Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Елена Лушеска со осум гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со десет гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷