Ракометарките на Стружанка забележаа победа на гостувањето во Скопје кај Спартак со конечни 36-27 во натпревар од Супер лигата.
Првото полувреме заврши со предност на Стружанка од 18-14. Во вториот дел од натпреварот гостинската екипа ја зголемуваше предноста, за на крај да слави победа кај Спартак.
Најефикасна во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со десет погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со четири погодоци.
ЖРК Спартак 27-36 ЖРК Стружанка
(фото-ЖРК Стружанка)📷