Екипата на Стружанка славеше на гостувањето во Штип, кај екипата на Астибо со резултат 35-29.
Гостите од Струга победата ја најавија уште во првото полувреме, кога на пауза беа во предност со 20-12.
Најефикасна во тимот на Стружанка беше Мендувие Далипоска со 12 гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 13 гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷