Ракометарките на Стружанка со победа се враќаат од гостувањето во Прилеп кај екипата на Деспина со конечни 20-27 во плеј-офот во Супер лигата.
Стружанка имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, а на полувреме имаше предност од 10-13. Во второто полувреме Стружанка ја зголеми предноста и забележа победа против Деспина.
Најефикасна во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со девет погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Елена Рипилоска со 12 погодоци.
(фото-ЖРК Стружанка)📷