Ракометарките на Стружанка забележаа победа против ракометарките на Шампион со 29-17 во Женската Супер лига.
Екипата на Стружанка од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Шампион.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Мендувие Далипоска со 13 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со 5 погодоци.
(фото – ЖРК Стружанка)📷