Екипата на Стружанка забележа победа против екипата на Пелистер со резултат 23-21 во Женската Супер лига.
Тимот на Стружанка и на полувреме имаше предност од 12-9. Во второто полувреме Пелистер се обидуваше да се врати, но сепак бодовите останаа за Стружанка.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Ивана Затуроска со осум гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Моника Босилковска со пет гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷