Стружанка убедлива против Астибо

Екипата на Стружанка забележа висока победа против екипата на Астибо со убедливи 34-22 во Женската Супер лига.

Составот на Стружанка уште на полувреме имаше висока предност од 18-7. Во второто полувреме продолжи високото водство на Стружанка, па на крај да слави против Астибо.

Најефикасна во редовите на Стружанка беше Мендувие Далипоска со шест гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 13 гола.

(фото – ЖРК Стружанка)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.