Екипата на Стружанка забележа висока и убедлива победа против екипата на Шампион со конечни 49-15 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Тимот на Стружанка победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 29-9.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Теодора Маркоска со 12 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Марија Бојковска со 9 погодоци.
(фото – ЖРК Стружанка)📷