Екипата на Стружанка забележа победа на гостувањето кај екипата на Деспина со резултат 20-18 во Женската Супер лига.
Тимот на Стружанка и на полувреме имаше предност од 10-7. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Стружанка, па на крај да слави против Деспина.
Најефикасни кај Стружанка беа Елена Балоска и Ивана Затуроска со по пет гола, додека кај Деспина најефикасна беше Сања Цветкоска со шест гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷