Судиите Николов и Начевски делегирани за Супер Купот во Охрид

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за Супер Купот на Македонија ги делегираше судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Делегати на натпреварот ќе бидат Камер Металари и Драган Начевски, а мечот помеѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 11 септември во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид од 20:00 часот.

(фото-Фејсбук/Славе Николов)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.