Судии на дуелот помеѓу Кил и ПСЖ ќе бидат Начевски и Николов

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за четвртфиналните средби од Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат дуелот помеѓу екипите на Кил и ПСЖ.

ПСЖ и Кил ќе играат денеска во Париз, а реваншот ќе се одигра во “Вундерино Арена” на 19 мај од 20:45 часот, на кој главни судии ќе бидат македонските судии.

(фото-Фејсбук/Ѓорѓи Начевски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.