Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше арбитрите за натпреварот помеѓу Веспрем и Вардар 1961 од осминафиналето во Лигата на шампионите.
За овој натпревар делегирани се судиите од Шведска, Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, додека делегат на натпреварот ќе биде Татјана Медвед од Србија.
Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра во Унгарија во “Веспрем Арена”, во среда на 6 април со почеток од 18:45 часот.
(фото-Рк Вардар 1961)📷