Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја одреди Струмица и салата „Парк“ како домаќин на натпреварот за Супер Куп трофејот меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и победникот на Купот на Македонија, Вардар 1961.
Дуелот е закажан за во среда, шести септември, од 18:00 часот. Титулата од минатата сезона ја брани Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷