Екипата на Вардар, која има високи амбиции за продолжението од сезоната во Женската Супер лига се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Таида Беровиќ, која ќе го носи дресот на Вардар во вториот дел од сезоната.
Ракометарката Таида Беровиќ е репрезентативка на Македонија, таа настапува на позицијата лев бек и доаѓа од Металург Автокоманда.

(фото – ЖРК Вардар)📷








