Ракометарите на Струга забележаа победа на гостувањето кај екипата на Јуниор Кисела Вода со 30-25 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Стружани на полувреме обезбедија предност од 12-11. Во второто полувреме со добра одбрана и добар напад Струга успеа да триумфира против Јуниор Кисела Вода.
Најефикасен во тимот на Струга беше Петар Бугариновиќ со седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со шест гола.
(фото – Рк Струга)📷