Како дел од Вардар VIP experience, уште еден навивач кој што имаше купено сезонски белен доби шанса да ја почувствува атмосферата во СЦ „Јане Санадански“ на натпревар од Лига Европа, овојпат со Порто.
Теа Симичева ја имаше можноста да ѕирне во соблекувалната на Вардар, да се прошета низ салата, да се фотографира со играчите и да добие потпишан дрес од сите ракометари. Ракометните способности на Теа ги почувствува и голманот Васил Гогов кој се обиде да ги одбрани нејзините упатени топки. Најважно од се беше да се биде на терен со оние кои ги гледаш од трибините, и да ја почуствуваш ракометната магија.
И натпреварот на Вардар, Теа го проследи од од ВИП ложата. За европските натревари на Вардар по еден симпатизер кој има купено сезонски билет има можност да го добие ова искуство и да ѕирне во соблекувалната и да се запознае со неговите идоли.
(фото – Рк Вардар 1961)📷